
ЗА НАС
Бролинс АД Скопје – Вашиот осигурителен брокер
Бролинс АД Скопје е осигурително брокерско друштво специјализирано за посредување во осигурување и осигурително советување за правни и физички лица. Друштвото доби дозвола за вршење осигурително брокерски работи од Агенцијата за супервизија на осигурување на 27.12.2018 година, под број УП 19-1-904, и започна со работа во јануари 2019 година.
Нашата мисија е да им обезбедиме на клиентите професионална поддршка при изборот на соодветно осигурување, преку анализа на нивните потреби, проценка на ризиците и споредување на осигурителните понуди. Посредуваме при избор и склучување осигурителни полиси, со цел правните и физичките лица да добијат јасни информации за достапните видови осигурување, условите и осигурителните покритија.
Нашиот тим од професионалци со долгогодишно искуство во осигурителниот сектор е посветен на индивидуален пристап и квалитетна услуга. Обезбедуваме осигурително посредување и советување за различни видови осигурување, вклучувајќи осигурување на имот, моторни возила, одговорност, здравствено, животно и патничко осигурување. Преку стручна консултација и континуирана комуникација настојуваме да изградиме долгорочна доверба и партнерски однос со нашите клиенти.

Извршен директор
Предности на нашите клиенти
ЗОШТО ДА НÈ ИЗБЕРЕТЕ НАС
Осигурителни понуди на едно место
Како осигурителен брокер, Бролинс АД Скопје ви овозможува преглед и споредба на понуди од осигурителни компании со кои соработуваме. Преку анализа на условите, покритијата и цените ви помагаме да изберете осигурителна полиса што одговара на вашите потреби.
Едноставна процедура за осигурување
Наместо да контактирате повеќе осигурителни компании, преку Бролинс добивате централизирана поддршка при изборот и склучувањето осигурување. Нашиот тим го координира процесот на осигурително посредување и ви помага полесно да ги разберете понудените услови и покритија.
Заштеда на време при избор на осигурување
Со споредување осигурителни понуди и стручно советување ви помагаме поефикасно да го организирате изборот на соодветна полиса. Целта е да пронајдеме поволни услови и соодветно осигурително покритие, земајќи ги предвид вашите потреби, приоритети и буџет.
Вие ја носите конечната одлука
Нашиот осигурителен брокер ви обезбедува информации и стручна препорака за достапните осигурителни полиси. Конечниот избор на осигурителна компанија, вид осигурување и потребни покритија секогаш останува ваша одлука, врз основа на јасно претставените услови и индивидуалните потреби.
Корпоративно осигурување
ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРАВНИ ЛИЦА
Осигурување на имот
Дознајте повеќе за осигурувањето...
Осигурување на вработени
Дознајте повеќе за осигурувањето...
Осигурување при транспорт
Дознајте повеќе за осигурувањето...

Осигурување на моторни возила за правни лица
Дознајте повеќе...
Осигурување од одговорност за правни лица
Дознајте повеќе...
ОСИГУРИТЕЛНИ УСЛУГИ
ОСИГУРУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Осигурителни брокерски услуги
Услуги и предности на осигурителниот брокер Бролинс
Посредување во осигурување
Подготовка на барања и прибирање осигурителни понуди од осигурителните компании.
Подготовка на потребната документација, податоци и прашалници за склучување осигурување.
Анализа и советување за условите, покритијата и исклучувањата во осигурителните понуди.
Стручно советување при изборот на соодветна осигурителна полиса според потребите на клиентот.
Административна поддршка и следење на договорените осигурувања.
Следење на роковите за обновување на осигурителните полиси и доспевањето на премиите.
Подготовка на извештаи и преглед на склучените осигурителни полиси.
Следење на пазарот на осигурување и достапните осигурителни понуди.
Советување и помош при пријава на штети
Стручно советување и поддршка при пријавување осигурен штетен настан.
Помош при подготовка на потребната документација и следење на постапката за проценка и обработка на штетното побарување.
Следење на процесот на решавање на пријавената штета, во согласност со условите на осигурителната полиса.
Преглед и анализа на решените штетни побарувања според видот на осигурувањето.
Проценка и управување со ризици
Идентификација на ризиците и утврдување на потребите за осигурување на правни и физички лица.
Анализа на ризиците што можат да го загрозат имотот, деловното работење и имотните права на осигуреникот.
Организирање теренска проценка на ризици од страна на соодветни проценители.
Анализа на договорените осигурителни покритија и преглед на постојните полиси за осигурување.
Предлагање осигурителни решенија приспособени на потребите и ризиците на клиентот.
Подготовка и поддршка при реализација на долгорочни планови за осигурување и управување со ризици.





