Осигурување при транспорт

Осигурување при транспорт

Процесите, кои се однесуваат на транспорт и логистика на стока и суровини достигнаа висок степен на сложеност. За многу компании овие процеси се од клучно значење, поеденакво значајни како и самиот процес на производство. Со осигурувањето од одговорност на превозникот (ЦМР), осигуреникот ја осигурува својата одговорност како превозник спрема корисниците на превозот за докажана делумна или целосна загуба, оштетување или задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, преземени на превоз со товарен лист или договор.

Бролинс Ад може да обезбеди адекватно решение во осигурувањето на стока при транспорт ( домшен и меѓународен), било да се работи за друмски, железнички или поморски транспорт.

Предмет на осигурување се штети причинети на стоката при: сообраќајна незгода на превозното средство, пожар или експлозија од вонредни надворешни причини, елементарна непогода, кражба, оштетување на осигурените пратки за време на транспорт (вклучувајќи и натовар и претовар), оштетување на амбалажата и др.

Видови на осигурување:

  • осигурување со поединечни полиси на поединечни пратки во домашен транспорт
  • осигурување со генерална полиса на пратки во домашен транспорт
  • осигурување со поединечни полиси на поединечни пратки во меѓународен транспорт
  • осигурување со генерална полиса на пратки во меѓународен транспорт
КОНТАКТ

Контакт

Контактирајте не и закажете
состанок со нас

Loading
Your message has been sent. Thank you!